ФБ статус на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи

Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам е евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија.

Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ кои ми беа пренесени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе отпочне преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.

На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и тонење во турбулентни води полни со непознати работи.