-Врие од полиција во село Орел, се пребарува бунар кој е во близина на нашата викендица. Мислам дека ја бараат Злата, летаат и дронови насекаде, но мене никој ништо не ми кажува, за ВИКИМЕДИА вели Дејан Јанков од Свети Николе, чија сопруга Злата изчезна среде бел ден од Орел пред околу две години. Јанков вели дека бунарот и околината биле пребарани повеќе пати во минатото, но не било пронајдено ништо. Вчера, во неделата, дошла голема екипа на луѓе, полициски службеници, и започнале да истражуваат во околината.
-Не знам што бараат, дали имаат некаков траг од Злата, дали го бараат нејзиниот мобилен телефон, кој скоро две години не можат да го лоцираат? Летаат дронови, но не знам што би нашле, наоколу има грмушки, висока трева… Бунарот околу кој бараат не е многу далеку од нашата викендица, но таму веќе беше пребарано безброј пати, уште од првиот момент кога Злата ја снема. Многу луѓе дојдоа, јас само гледам и чекам одговори, вели сопругот на исчезнатата жена.
Инаку, тој штрајкуваше со глад 19 дена, со цел да го сврти вниманието на јавноста кон случајот, и најави нов штрајк доколку не добие одговори за судбината на неговата сопруга.
Штрајкот се одвиваше пред полициската станица во Свети Николе, а сега, како што вели, да закрепнел малку, бидејќи здравјето му било нарушено, и по околу две недели планирал да продолжи со штрајк со глад, но овојпат пред МВР во Скопје.

