Белата куќа ги негира информациите дека разгледува употреба на нуклеарно оружје против Иран, пренесува АФП.

Тие се обидоа да ги смират шпекулациите дека администрацијата на Трамп може да употреби нуклеарно оружје против Иран, отфрлајќи објава на социјалните мрежи во која се тврдеше дека потпретседателот Џ. Д. Венс го предложил тоа.

„Имаме алатки во нашиот арсенал за кои сè уште не сме одлучиле да ги користиме. Претседателот на Соединетите Американски Држави може да одлучи да ги користи. И тој ќе одлучи да ги користи ако Иранците не го променат своето однесување“, рече претходно Венс.

Таа изјава, заедно со предупредувањето на претседателот Доналд Трамп на „Truth Social“ дека „целата цивилизација ќе умре вечерва“, ги поттикна шпекулациите за употреба на нуклеарно оружје.

Профилот за брза реакција на Белата куќа на платформата X одговори на објава од корисник на социјалните мрежи кој тврдеше дека Венс „сугерирал дека Трамп може да употреби нуклеарно оружје“. На тој профил, Белата куќа напиша: „Буквално ништо од она што го кажа Венс овде не сугерира на тоа, тотални идиоти“.