Во нејзиниот краток живот, сè се случи прерано и пребрзо.

Алаја Дејна Хотон беше на врвот на својата слава и во цутот на својата младост кога трагично загина во авионска несреќа на Бахамите. Во несреќата тогаш животот го загубија девет лица.

Пејачката, модел и актерка оваа недела би имала 43 години.

Нејзината кариера започна кога се појави во американското шоу за таленти, кога имаше само десет години. Својата прва песна ја сними на 12-годишна возраст, а првиот албум го издаде на 14-годишна возраст.

Во тоа време, Р. Кели беше еден од најпознатите пејачи и имаше 27 години. Ја зеде младата Алаја „под свое крило“, тие се зближија и се венчаа во 1994 година, кога Алаја имаше само 15 години.

Бидејќи била малолетна, родителите на Алаја морале да дадат согласност за брак.

Тие беа во брак само една година, а Кели подоцна тврдеше дека младата пејачка му криела колку години има поради обвинувањата за брак со малолетничка.

Кели денес има 52 години и моментално е во затвор под обвинение за сексуален напад и злоупотреба на малолетници, порнографија, рекет и попречување на правдата. Тој ги негира сите обвиненија.

Откако бракот беше поништен, кариерата на Алаја продолжи да цвета. Успешно ја испроба својата моќ во светот на актерството, се појави во филмот „Ромео мора да умре“ и во хорор филмот „Кралицата на проклетите“, а во 2001 година го издаде својот, за жал, последен албум наречен Алаја.

Набргу по овие големи успеси, се случи голема трагедија што го потресе целиот Холивуд. На 25.08.2001 година, младата Алаја се качи на приватен авион на Бахамите, каде сними спот за песната Rock The Boat, со цел да се врати во Мајами.