Во автобус е пукано од калашников вечерва кај Глоѓане, а според последните информации загинале четири лица, јавува Економија онлајн.

Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца студенти и возачот на автобусот. Од болницата велат дека не е познат бројот на повредени.

Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година.

Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку студенти се повредени.

Автобусот сообраќал од Дечани кон Глоѓане, а пукањето се случило околу 19 часот.