Една од најомилените водителки на познатото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет (40) синоќа се породила и на свет донела здраво машко бебе.

Српскиот портал Ало пишува дека среќните родители решиле да го крстат Вук.

Името Вук носи моќна симболика, пишуваат српските медиуми. Според старословенското верување името им било дадено на машките деца за да ги заштити од зли сили и болести.

Се верувало дека името на диво животно како волк ќе ги исплаши вештерките и другите митски суштества кои убиваат новороденчиња.

Најпознатиот носител на ова име меѓу Србите бил реформаторот на азбуката и собирач на народни уметности, Вук Стефановиќ Караџиќ, за кој се верува дека го добил своето име бидејќи сите негови браќа умреле од неизлечиви болести веднаш по раѓањето.

Инаку, Сања поради бременоста го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде водителката Ана Севиќ.