СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Се случува еднаш во милион случаи: Марина (31) почина на операциона маса при естетска корекција на носот (ФОТО)

Руската старлета и познатата инфлуенсерка Марина Лебедева (31) почина на операционата маса откако сакаше да го промени изгледот на носот, и затоа и беше извршена реконструктивна операција на клиниката Артибео во Санкт Петербург, пренесува The Sun.

Како што е наведено, оваа операција чинела дури 4.700 евра, а оваа триесет и едногодишна девојка починала од „несакани ефекти на анестезија“.

Имено, температурата на нејзиното тело одеднаш почнала да опаѓа, а лекарите и покрај напорите не успеале да ја спасат. Според понатамошното пишување, тие повикале и брза помош бидејќи биле приватна клиника и немале доволно стручен кадар, но можеле само да ја констатираат смртта.

The Sun понатаму известува дека е покрената истрага против таа клиника, а на тоа инсистирал сопругот на Марина, кој ја дознал трагичната вест кога се вратил од службено патување.

Марина зад себе остави и син за кој ќе се грижи таткото.

– Лекарите се во шок, ова се случува еднаш во милион случаи, рекол неименуван извор од руската клиника, пренесува споменатиот медиум.

Директорот на оваа институција, д -р Александар Ефремов, рече дека пациентката била подложена на тестови пред операцијата.

– Верувам дека некој генетски проблем доведе до нејзината смрт, но тоа ќе се испита по форензичката анализа. Операцијата беше изведена според вообичаените стандарди, посочи тој, пренесува The Sun.