Водителката Јована Стојменовиќ имате прилика секој ден да ја гледате во утринската програма „Ја сакам Македонија“.

Професионална, средена, расположена секогаш подготвена да ги води гледачите низ содржините на актуелните случувања. Секогаш одмерена, убаво стокмена, насмеана, ТВ водителка која шармира со својата појава и говор, јазикот и дикцијата, говрејќи течно, разбирливо, правилно, македонски…

Водителката, како и многумина има свои профили на социјалните мрежи, каде е активна и знае да ги почести фановите со некоја фотографија.

Така, овој пат Јована сподели фотографија во која имаме ретко прилика да ја видиме. Имено, таа позира во бикини и го распосла своето летно издание.

Таа позира во црно бикини во вода, а од приложеното може да се види нејзината одлична манекенска фигура на која многумина може да и позавидат.

„Вода“, напиша Стојменовиќ покрај фотографијата.

Се надеваме дека успеала колку толку да одмори од секојдневните обврски и дека ги наполнила батериите за новите работни ангажмани.

📷

📷

📷