Дара – Бубамара вчеравечер, недела 05.09.2021 година имаше настап на еден познат сплав во српската престолнина пред многубројна публика.

Популарната пејачка избра специјална комбинација облека за оваа специјална пригода.

Црното боди ја истакна бујната предница на Дара, додека кусите тексас шорцеви и ги нагласија нозете на пејачката во мрежести чорапи. Пред да излезе на сцената, Бубамара носеше црна кожена јакна, па изгледаше толку бомбастично што сребрените чизми едвај некој ги забележа.

„Ви благодарам мои луѓе од срце, толу добра енергија секогаш од вас! Драго ми е што имаше луѓе на настапот не само од Србија, туку и од цела Европа“ – напиша таа под видеото од настапот споделено на нејзиниот Инстаграм.

На него се гледа дека Дара не престана, да пее, игра, скока, кокетира, да врти со колковите и со задникот да меша…

Нема кој не би ја платил таа цена, за да гледа кога таа ќе замеша на сцена… Зашто Дара – Бубамара… „од нозе обара“!

📷

📷