Трагично завршил обидот на 80-годишен старец од Грција да ја земе ќерката од нејзиниот сопруг, затоа што ја малтретирал.
Како што објавуваат грчките медиуми, според информациите, приказната зад убиството на старецот во Астрохори Артас од страна на неговиот 48-годишен зет е трагична.
Постариот татко, обидувајќи се да ја заштити својата 36-годишна ќерка, која му се пожалила за однесувањето на нејзиниот сопруг, не можел да поднесе зетот да продолжи да ја малтретира и се одлучил да ја земе со него.
Така, старецот ја зел својата 36 годишна ќерка и ја вратил во неговиот дом.
Но, по ваквиот развој на настаните, 48-годишниот насилник отишол во селото на настраданиот да праша за причината зошто неговата сопруга се вратила во домот на нејзиниот татко. Бидејќи се мешал во нивните лични работи меѓу него и неговата сопруга, драмата завршила во убиство, а жртва бил таткото на невестата на возраст од 80 години.
Според информациите, пред само пет дена 48-годишниот кој со пушка го уби таткото на својата сопруга и таа се развеле. Грчката полиција трага по убиецот.