Албанија стана популарно одморалиште за земјите од регионот вклучително и Македонија, поради прекрасните плажи, ниските цени, како и фактот дека не се потребни ковид тестови за влез во земјата..

Многумина што заминаа велат дека ништо не им фали и дека уживаат во одморот и морето. Меѓутоа, како и секаде, може и таму да се случи некоја изолирана непријатност. За таква непријатност сведочи едно српско семејство кое е на одмор таму, пренесуваат српските медиуми.

Жената која доживеала непријатна ситуација во ресторан, истата ја опиша на Фејсбук страницата каде што луѓето разменуваат искуства поврзани со Албанија.

– Јас сум личност со висока толеранција. Откога дојдовме за се прогледував низ прсти … како ајде … нема врска … До денес, се разбира. На плажата Shpella e Pellumbave постои единствениот ресторан со трска и пластични столови. Идеално за да се тргнете од топлината и да се напиете пијалок. Никаков фенси момент не постои во него. Ние, двајца возрасни и две мали деца на возраст од 3 и 4 години, сите нарачавме пијалок и еден помфрит за децата. Ни рекоа дека не е доволно нарачана храна за да останеме таму да седиме, напиша таа.

Како што вели, во своите 40 години не доживеала таков срам на едно туристичко место.

– Секако дека нема да не’ видат повторно. Се враќаме ден порано и тоа со изгребан автомобил, што исто така, го толерирав како … ајде, го очекувавме тоа до некаде, но се надевавме дека сепак нема да се случи … Но, се’ има свои граници се разбира, барем што се однесува до моето семејство, напишала револтираната жена.

Од друга страна, социјалните мрежи се полни и со приказни во кои се сведочи за прекрасно добредојде на албанскиот брег. Секаде може да ни се случат најдобрите приказни и по некоја непријатност. Ова не е генерализација, само искуство на еден турист.