Кошмар за туристите се крадците кои никогаш не спијат и секој момент демнат да направат некаков криминал и оваа сезона прават криминални дејствија не грижејќи се за високите температури. Овој пат семејство од Србија за време на престојот во Лефкада било нападнато од криминалци. Дека се несовесни луѓе говори и тоа што ги украле и неколкуте монети од динари што ги имале во касетата до менувачот.
Милош од Србија и неговата бремена сопруга нема со задоволство да го паметат одморот на Лефкада, бидејќи по враќањето од една од најубавите плажи на овој остров откриле дека некој им провалил во автомобилот. Сакајќи да ги предупреди своите сонародници за крадци, тој своето непријатно искуство го сподели на социјалните мрежи.
Како што изјави, ова му било трет пат на Лефкада и првпат доживеал вакво непријатно искуство. Како што можете да видите на видеото, прозорецот на автомобилот зад возачот бил скршен, бидејќи тој дел бил скриен во сенка.
– На последниот ден од одморот, јас и жена ми го напуштивме апартманот во Лефкас, ги спакувавме работите во автомобилот и отидовме на уште едно капење на плажата пред да заминеме. Се паркиравме на главниот пат, од градот Агиос Никитас до градот Каламици. Бевме на плажа од 11 до 14 часот и во тој период ни беше провалена колата. Ве молиме пренесете го предупредувањето на другите посетители на Лефкада. Ова ми е трет пат да одам на тој остров и никогаш порано немав проблем. Годинава се е некако поинаку“, напиша тој во објавата објавена на страницата „Никане“ на Инстаграм.
Останале без бурми, полнач и часовник
Среќа во несреќата било тоа што парите и документите биле кај нив, што не било случај со бурмите кои крадците ги одзеле.
„Парите и документите беа кај нас, но за жал во автомобилот имаше бурми и машки часовник, кои крадците не ги пропуштиле. Покрај овие вредни работи, одзеле и кутија цигари, ситни метални монети (динари ) и телефонски полнач. Поднесовме кривична пријава и поминавме неколку часа во полициската станица во Лефкада, но тие не беа оптимисти. Многу непријатен крај на одмор во кој уживавме до последниот ден јас и мојата бремена сопруга (6 месец од бременоста). Поздрав, Милош Илиќ“, се вели во неговата објава.