Ненадејно почина познатиот македонски моторџија од Прилеп, Ивица Калап. Неговите пријатели на социјалните мрежи со неверување се простуваат со својот другар, чиј последен пост на социјалната мрежа може да се забележи пред само 21 час.

Засега не се познати причините за смртта на човекот кој имаше огромен број на пријатели. Меѓу оние кои се простуваат од него е и познатата прилепска новинарка Каролина Дурло, која напиша:

– 💔💔💔😭😭😭 Како вака, бе Калапче 😞⁉ Зошто вака, бе другар…💔⁉ Кај брзаше толку, та во безвреме се пресели во Царството Небеско 😢⁉ Не си фер, ич не си фер…а секогаш си бил…Ова не е можно…😞. Стани и кажи дека ова е само една невкусна шега и дека веќе од утре пак ќе си тука, меѓу нас 😭😭😭. Шок, неверување и преголема тага..😭. Пронајди го сега својот мир и Господ Бог нека ти ги отвори Царските Двери…оти Твоето место е во Рајот…🙏. На вакви денови “заминуваат” само избраните 😢😢😢‼

Бројни негови пријатели со потресни зборови и со неверување се простуваат од Ивица.

– Пред околу 20 часа ни го честиташе празникот …. Почивај во мир брат Ивица Калап. Ќе фалиш на сите, најповеќе ќе им фалиш на твоите и на мајка Македонија…

– Со неверување ја добив веста и се уште не верувам. Жално, жално, жално… Почивај во мир…

– Абе Калап, забавата шо ја договаравме не ја направивме бе брат…

– Абе другар!!! Како бре вака? Не ми се верува 🙁 Почивај во мир!