Полицијата во домот на повозрасен жител на Крушево пронајде поголема количина оружје и боева муниција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека по расчистување на случајот против него ќе има соодветен поднесок.
„Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера , по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител“, соопшти МВР.