По објавата на интервјуто- исповедта на Виолета Тренчовска за сопругот кој го фатила во кревет со маж, во редакцијата на Женски магазин пристигнало писмо од анонимна читателка која сакаше да ја сподели својата приказна, охрабрена од приказната на Тренчовска. Во целост ви ја пренесуваме нејзината исповед:

Почитувани, поради страв од осудување на околината и поради срам, не сакам да се претставам со цело име и презиме, но сакам да се слушне мојата приказна како поттик и апел. Поведена бев од приказната на вашиот портал на Виолета Тренчовска за сопругот кој го фатила во кревет со маж. Никогаш сум немала храброст јавно да зборувам за ова, но гневот, горчината, тагата па и совет за другите ме „натераа“ да ви пишам со надеж дека ќе објавите.

Бев во брак 20 години и со мојот сега веќе поранешен сопруг имаме две деца кои се во своите тинејџерски години. Работам професија која бара чести патувања. Во бракот скоро никогаш сум немала несогласувања, освен оние стандардните- расправање за пари, за средување на домот, за мрзеливоста на сопругот. Тој во 20 години брак не погледна ниту една жена ниту пак ми рече макар и во интерна шега- „види ја онаа има убаво тело или убави гради“ иако јас често се шегувам за некоја која е убава и му велев „да ти ја местам“. Тој на тоа само ладно ќе ме погледнеше. Мислев дека воопшто не е заинтересиран за друга и тоа ми годеше секако. Не беше воопшто љубоморен ако излегувам со машки колеги на разни деловни состаноци или се собираме од работа во кафеана. Никогаш не ми префрлил… По малку ми беше чудно, ама јас сум припадник на оние кои љубомората ја гледаат со поинакви очи. Ниту јас не бев љубоморна иако кај него на работа беа повеќето жени. Еднаш дури и слушнав дека имал нешто со некоја, ама се испостави дека тоа не е точно па не ни обратив внимание.

Во брачниот кревет работите се одвиваа одлично, никогаш сме немале проблеми освен кога мене ме „боли главата“. Значи ништо не ми сугерираше дека сум „глупава“. Сепак, последните 5 години неговиот телефон интензивно почна да го користи, да му стигнуваат нон стоп пораки, да излегува надвор на тераса или во тоалет за да се слушне со некого… Мислев сето тоа се колеги од работа или неговите пријатели. Слободна сум во размислувањата и не помислував дека може да има нешто затоа што се функционираше добро. Еден ден го заборави телефонот дома, а јас не бев на работа. Гледам му стигнуваат пораки постојано, па решив да видам да не се неговите- често комунициратаат преку пораки на Вибер. Нормално, не можев да го отворам телефонот ама во моментот кога некој праќа пораки на некои апликации- дел од нив се појавуваат на екранот иако телефонот е заклучен. Две пораки ме изненадија- едната во која само прочитав дали да земам лубрикант и другата со зборовите „маче, пак се изгуби“. Ме фати паника. Од избезуменост се напив дијазепам. Решив да го чекам и да го прашам. Дојде и беше нервозен што го оставил телефонот. Му реков само дали купи лубрикант? Се направи во лицето бел како крпа! Ми вели од каде знаеш, му кажувам. Не е за мене- отсечно ми кажа, туку за наш пријател кој му нарачал да земе. А што правиме со мачето, му велам. Па тоа е друг наш пријател, така се шегуваме, одговори. Епа тогаш си реков дај да се јавам на пријателите и да ми потврдат дека е така. Се испостави дека навистина го барале и дека мојот сопруг не лаже. Мирна ми беше душата. А и тој ми рече да не правам циркузи за ништо.

Си реков добро, моја грешка и не придадов некое големо значење. Често знаеше да излезе навечер со пријателите но се враќаше во соодветно време, нормален, ни пијан ни ништо.

Еден ден заминав службено со автомобилот на пат кон Србија сама. Меѓутоа, возилото се расипа веднаш после граница, а требаше да одам до Белград. Му вртев на сопругот, беше недостапен, па му се јавив на шефот, рече ќе викне шлеп служба, па така се вратив дома. Отклучувам, не се отклучува. А сите тоа време се заминати или на школо или на работа. Меѓутоа, некако клучот влезе, па и јас влегов (Господова работа). Осетив мирис на лаванда, а ние немаме лаванда. Слушнав некој се смее, а некој гласно вика. Гласна музика. Си реков некој провалил. Тивко се прикрадов до спалната, вратата беше подотворена и мислев дека ќе умрам во истиот момент. Почна тахикардија. Ај што беше маж ми на креветот гол, туку и неговите двајца машки пријатели кои притоа ги знам, женети се, имаат сопруги и деца. Истите тие со лубрикантот и „мачето“. Испреплетени сите заедно. Го зедов мобилниот махинално и почнав да ги сликам. Ама така сочно, во сите пози. Сега веќе избезумена.

Излегов од дома, заклучив и ги зедов двата клуча, и мојот и неговиот. Фактички ги заклучив внатре. И седев пред врата плачејќи бескрајно. После еден час слушам пробуват да отворат, безуспешно. Слушам и како се дерат, викаат нешто. Станав, се собрав, ја поднаместив косата, ја отворив вратата и им паднаа вилиците. Беа полуголи. Без да се расправам, само им ги покажав сликите. Им реков да се изгубат за една минута зошто ќе викнам полиција и нивните сопруги. Заминаа веднаш, само маж ми ми рече- Не е тоа што мислиш“. – Да да, јас сум магарица, пијам нафта, му одговорив и му реков да не те видам повеќе.

Седев сама на кревет. Кај сум згрешила Боже? Од убав брак, маж ми го делам со двајца мажи. Не беа жени- МАЖИИИ! Се преиспитував, сто пати го враќав филмот, се изедов жива. Морав да повикам пријателка и да ѝ кажам се. Го сторив тоа. Во неа имам доверба, колку толку ме смири. Следиот ден дојде тој. Ме молеше да ми објасни. Прво не сакав ни да го слушам, ама си реков дека е подобро да ми каже. И ми кажа сеѐ! Дека тоа траело со години, дека ме сака и не би ме заменил за ниту една друга, но дека за маж би ме заменил, тоа било посилно од него. Дека отсекогаш чувстувал привлечност кон истиот пол. Дека знае оти после ова е завршено сѐ! Да, му реков. Сѐ е завршено. Добро е што ми објасни, но јас не можам да преминам преку ова никако. Требало порано да разговараме дека те привлекуваат мажи, можеби ќе сфатев на некој начин… Свесен беше дека куферот мора да си го спрема.

Се разведовме. Децата може секогаш да ги гледа и имаат добар однос. Не знаат ништо за ова ни тие ни сопругите на другите двајца мажи. А како да им кажам? Знам дека треба, но ми треба време. Ова се болни нешта…

Тоа е мојата приказна. Мој совет е секогаш да ви бидат очите широко отворени дури и кога имате најголема доверба во некого. Не да им ја скратите слободата, но да бидете доволно претпазливи за да не доживеете нервен слом. Да се разбереме, немам ништо против сексуланата определба. Јас дури и ја поддржувам геј заедницата. Ова со мене беше одвоен случај.