Шок и тага предизвика веста за смртта на 21-годишниот фудбалер на Атромитос, Алекс Бангсе.
Тешка трагедија го погоди аматерскиот фудбал на Пиреја, по трагичната смрт на 21-годишниот фудбалер на Атромитос, Алекс Бангсе, кој колабирал на теренот и починал во болница.
Трагичниот инцидент се случи на полувремето на натпреварот Атромитос – Икарос Калитеа, на стадионот Рентис. Според soccerlive.gr, младиот спортист се чувствувал многу лошо во соблекувалната на полувремето од натпреварот и колабирал неколку минути подоцна.
Веднаш имало реакција на лекарот од натпреварот и останати лица, кои се обиделе да го оживеат, а бил употребен и дефибрилатор. 21-годишниот фудбалер итно бил префрлен во болница со возило на брза помош, а во моментот сè уште имал пулс. И покрај натчовечките напори на лекарите околу еден час, тој не можел да се одржи во живот.
Веста за неговата смрт ја шокираше фудбалската јавност, а пријателите, соиграчите и спортските личности ја изразија својата тага поради ненадејната загуба на младиот спортист.