Спортистот од Казахстан, Владимир Седов (35) е пронајден мртов во едно село во неговата татковина, а медиумите пишуваат дека тој извршил самоубиство.
Седов во 2009 година го освои златниот медал на Светското првенство (СП), но во 2016 година беше позитивен на допинг и поради тоа му беа поништени резултати кои ги постигнал од 2008 до 2016 година.
„Минатата ноќ почина Седов, кој беше учесник на Олимписките игри во 2008, повеќекратен шампион и рекордер во Казахстан“, објави федерацијата.