Момчето-убиец денеска на сослушувањето, кое траеше пет часа, призна дека, откако татко му го нарекол психопат, се поистоветил со психопатите.

Момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“, Коста Кецмановиќ, изјави на денешното судење во постапката што се води против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ дека се поистоветил со психопатите, како и дека смета дека е доблест да се биде ладен и без емоции, пренесе Нова.рс.

„Почнав да истражувам психопати, го проучував психопатското однесување и во тој период додека ги проучував, целосно се поистоветив со нив. Сметам дека е доблест да се биде ладен и без емоции“, изјави момчето-убиец во Специјалниот суд.

Како што дознаваме, момчето-убиец останало при сведочењето што го дало минатиот пат, но сега одговорите оделе повеќе во прилог на неговите родители, односно одговорите ги приспособил така што одат во одбрана на родителите.

Конкретно, тој изјавил дека барањата на неговата мајка Миљана Кецмановиќ не влијаеле на неговата одлука да го изврши масакрот на 3 мај и дека тоа го сфатил дури сега, бидејќи созреал.

Тој веднаш по доведувањето за судската говорница рекол дека останува при сè што изјавил за време на претходното судење.

На сослушувањето признал дека откако татко му го нарекол психопат почнал да ги проучува психопатите и целосно се идентификувал со нив.

Неговите одговори на судењето сега повеќе одат во прилог на одбраната на родителите, тврдејќи дека не бил мотивиран од барањата на мајката за масакрот.

Момчето-убиец по давањето на исказот било вратено во болницата во која е сместено по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. За време на истрагата, кога Вишото јавно обвинителство во Белград собирало докази против Миљана и Владимир Кецмановиќ, момчето-убиец било сослушувано преку видео-врска од Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што се наоѓа од моментот кога уби деветмина врсници и работник од училишното обезбедување.

Момчето-убиец не е опфатено со ниту една судска постапка бидејќи, во моментот на извршување на кривичното дело, било кривично неодговорно.