Далибор Драгијевиќ (40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Данка, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е по вештачење на Институтот за судска медицина во Белград, објави српскиот портал Радар.

Според тој портал, судско-медицинскиот извештај констатирал бројни повреди на неговото тело, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодот е проследен до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

За потсетување, осомничениот Борчанец на 6 април бил задржан 48 часа во полициската станица во Бор, поради сомнение дека му помагал на својот брат, кој е осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер полицијата соопшти дека тој починал од „природна смрт“. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои обид за реанимација, во 03:10 часот починал Д.Д.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажало дека тој не починал од природна смрт, туку од последици од тепање, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето, објави српскиот портал.

Се огласи и јавниот обвинител: Не можеме да ги потврдиме наводите

По наводите на некои медиуми дека Далибор Драгијевиќ (40), кој беше осомничен дека му помогнал на својот брат Дејан Драгијевиќ (50) да го скрие телото на убиената Данка Илиќ (2) од Бор, починал од насилна, а не од природна смрт како што се тврдеше, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Заечар за „Блиц“ соопшти дека не може да ги потврди овие наводи.

– Обвинителството не го добило извештајот за обдукцијата на Д.Д. Не можеме да ги потврдиме наводите објавени од одредени медиуми – изјави за „Блиц“ Миодраг Цановиќ, главен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Потсетуваме, осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кој доби притвор до 48 часа поради сомнение дека му помагал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по извршеното дело, почина на 7 април во Полициско одделение Бор.