





Изгаснат пожарот што избувна вчера околу 17 часот во „Жито Битола“, како што информира заменик-командирот на противпожарната единица Горан Димкоски во изјава за телевизија „Канал 5“.
Во гаснењето на огнот учествувале 29 пожарникари и девет возила.
Според досегашните информации, огнот избил на покривната конструкција од засега непознати причини.






Причинета е голема материјална штета, но нема жртви.
Градоначалникот Тони Коњановски претходно рече дека станува збор за стар објект којшто е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекарница, млин и силос.






Во моментот на избувнување на пожарот внатре имало двајца работници кои навреме излегле.
📸
📸