39-годишен камионџија од Србија почина вчера во Бергамо, Италија, на своето работно место!

Според италијанскиот портал Il Giorno, возачот бил во кабината на камионот и чекал да се товари, кога почувствувал дека не се чувствува добро.

– На почетокот беше добар и му се јави на шефот, велејќи му дека му се слошува. Началникот ја алармирал брзата помош, која со хеликоптер стигнала до возачот, државјанин на Србија – пишува Ил Џорно.

Како што понатаму наведуваат, лекарите го извлекле Србинот од кабината и веднаш почнале со реанимација, но тој не бил спасен.

– Човекот починал, па не бил ни однесен во болница. Обдукцијата ќе покаже од што точно починал – наведуваат италијанските медиуми.