Силен дожд падна во Шабац, а силен ветер ги кршеше дрвјата. Паднале десетина литри дожд по метар квадратен, но немало град, јавуваат српските медиуми.

Во Шабац по тропскиот бран стигна освежување, јави РТС. Во градот падна голем дожд проследен со силен ветер.

Ветерот скрши стебло на детско игралиште во населбата Бенска Барам како и во населбата Живинарник.

На една зграда во Шабац и е оштетен лимениот покрив.