Татко на две деца беше критикуван на социјалните мрежи откако неговата сопруга објави видео на кое танцува со нивната 23-годишна дадилка, а многу корисници велат дека неговото однесување е несоодветно.
Корисничката на ТикТок, Рејчел објави видео за кое смета дека е смешно, но многумина не се согласуваат со неа, па ја советуваа дека треба да биде сомничава кон нејзиниот сопруг. Имено, во видеото тој танцува со дадилката на нивните деца и го пробува познатото движење од филмот „Валкано танцување“. Имено, на многумина им се чинеше дека има нешто повеќе од деловен однос меѓу нив.
Во видеото, тој ја крева дадилката за половината, а во еден момент се слуша Рејчел како вели: „Ги допре нејзините гради!“, а тој се смее и одговара: „Знам, знам …“
Рејчел брзо го оправда таквото однесување и рече дека дадилката е како член на семејството, додавајќи дека ја запознале додека работела во градинката во која бил нивниот најстар син.
– Таа секогаш беше најубава, најслатка … Не беше како другите што работеа таму, а јас не бев како другите мајки. Бевме пријателки, објасни таа.
Поради пандемијата на коронавирус, двојката ја ангажираше да помогне во домот. Видеото, кое е прегледано повеќе од 7 милиони пати предизвика бес кај многу корисници.
Еден корисник напиша: „Вознемирува фактот што уживаа во ваков танц“, а друга додаде:
– Јас сум дадилка веќе 15 години и ништо слично не ми се случило …