Во сараевската улица Ферхадија вечерва настана тепачка и вистински хаос. Како што дознаваат тамошните медиуми, во тепачката учествувале двајца мажи. Еден од учесниците имал нож, а другиот со бибер спреј.
– Улицата беше полна со пешаци, додека се бркаа и се тепаа, пишува „Аваз“
Засега од полицијата нема информации за повредени лица, а на фотографиите се гледа како маж лежи неподвижен на уличниот коловоз.
Инцидентот се случил во момент кога низ овој дел од улицата минувале голем број граѓани и туристи, а голем број граѓани имале псоледици од бибер-спрејот кој се проширил во воздухот.
На фотографиите доставени до порталот Klix.ba може да се забележи маж како лежи на улица. Наводно, мажот што лежел бил испрскан со солзавец.