Тања Савиќ денес требаше да биде гостинка во емисијата „Премиер – викенд специјал“, но мораше да го одложи гостувањето.

Водителката Бојана Лазиќ им се обрати на гледачите уште на самиот почеток од емисијата, откривајќи дека пејачката Тања Савиќ имала смртен случај во семејството.

Имено, Тања Савиќ имала закажано гостување кое морала да го откаже.

– Тања Савиќ беше планирано да биде гостинка во студиото, но имаше смртен случај во семејството, па по тој повод нејзиното гостување ќе биде одложено – објави Бојана Лазиќ.

Пејачката сè уште не објавила ништо за ова.