Босанскиот авантурист Роберт Дацешин реши да сними видео од Змискиот (Голем Град) остров во Преспанското Езеро, кој е од големо културно-историско значење. За нег се смета дека е единствениот остров во Република Македонија.
– Дали знаевте дека во Македонија постои змиски остров наречен Голем град, на кој има најголема концентрација на змии, желки и птици корморани во Европа. Еве ја приказната за тоа, а повеќе детали наскоро во видеото на YouTube на каналот подолу, напиша Дацешин на социјалните мрежи.
– Посетата на ова место беше нешто навистина неверојатно, иако змии не видовме, а ги баравме, вели тој во видеото на кое се гледа како подигнува камен надевајќи се дека ќе пронајде змии.
Островот е долг 750 м, а широк 450 м, со највисок дел 50 м над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и спили со височина 20 до 30 метри. Над нив се оформува плато со две возвишенија на северниот и јужниот дел на островот. Меѓу возвишенијата има седло кое на бреговите завршува со мали заливи. Овие два заливи се единствените места од кои може да се пристапи на висорамнинката.