Сака да импровизира и има решение за секој проблем, од проблеми на работа до финансиски проблеми. Мора да има многу пари бидејќи обожава да троши, добродушен е, но сака да посвети внимание и на блиските луѓе. Има убав пристап кон оние коишто не ги познава, но е многу нервозен доколку нема партнер и не добива доволно љубов.

Станува збор за Овен.

Овнот е добродушен и мудар. Луѓето родени во овој знак се интелигентни и чувствителни. Како првиот знак на Зодијакот, тие се најдобри лидери и заштитници.

Овните се искрени и отворени луѓе кои не се плашат да го кажат своето мислење, дури и во ситуации кога е најдобро да молчат. Комуникативни се и директни, а околината ги почитува бидејќи се искрени. Не лажат, не измислуваат, не играат игри – со нив секогаш знаете на што сте.

Во друштвото се главни. Имаат многу идеи за нови проекти, само им недостасува трпение и да бидат решителни.

Сакаат да имаат сè под контрола, па тоа често им претставува проблем. Најмногу ги мотивираат нивните амбиции и успех. Сакаат да изградат кариера и да имаат убав брак.

Страстните Овни се отворени и директни, не се срамат да преземат иницијатива и да се доближат до личноста која им се допаѓа.

Нервозни се кога немаат партнери и не добиваат доволно љубов и внимание. Подготвени се да направат сè за нивниот партнер.

Најдобро се согласуваат со Лав и Стрелец. Сите тројца се авантуристи кои сакаат нови искуства. Ги привлекуваат Вагите, Јарците им се премногу сериозни, а не ги сакаат Раковите поради нивната емотивност. Не одговараат со Скорпија и Бик.

Идеални партнери и верни пријатели им се Близнаците и Водолиите.