Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, а победата ја освои Славица Ангелова од Македонија, пишува утроо БЛИЦ.рс.
Славица Ангелова (20) е од Струмица, а музичката кариера ја започна пред 6 години во емисијата „Неки нови клинци“. Славица студира медицина, додека во слободното време сака да патува.
Ангелова тврди дека по природа е амбициозна и опуштена, но од друга страна е тврдоглава.
За време на натпреварот неколкупати реагираше менторот на Славица, Ѓорѓе Давид, кој објасни како некои работи ги правела сама и како не го почитувала договорот од пробите, поради што била редовен учесник во баражот. Кандидатот за Гранд откри за што всушност се работи.
– Не би знаела како да објаснам, ми се случува во моментов. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудам да го испочитувам тоа што го наведовме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува и знам дека малку ја „зафркнам“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се е во ред, исто како и овој пат – откри тогаш натпреварувачката.
Инаку, Славица најмногу носеше комбинации на натпреварот на кој беше закопчана до врат, но на нејзиниот Инстаграм профил има многу нејзини слики во костим за капење. Исто така, малкумина знаат дека пеела и со Јелена Томашевиќ, но и дека некогаш носела кратка коса.
На социјалните мрежи на Славица може да се видат и слики од нејзината мајка, која и е најголем поддржувач.