Се продава стан од 36 квадрати во Сплит за неверојатни 306.000 евра. Се чини дека трендот на поскапување на недвижностите во Хрватска се уште не запира.

Kвадрат во сплитско Мејаши достигна висока цена од 8.500 евра. Имено, на огласот имало стан од 36 квадрати, а цената на станот на многумина им „привлече“ погледи. Се продава за неверојатни 306.000 евра.

Станот доаѓа со гаража паркинг, а истиот се наоѓа на петти кат во нова зграда, со лифт. Има спална соба, бања, дневна со кујна и трпезарија и балкон од 5 квадрати.

-Станот е новонаместен и се продава како таков – стои во огласот. Цените на недвижностите бележат раст во последните години, а се чини дека трендот на поскапување низ Хрватска се уште не запира.