Пратениците на Градското собрание на Загреб со мнозинство гласови – 27 за и тројца против го прифатија предлогот на одлуката на градоначалникот Томислав Томашевиќ паричната помош за новородено дете да изнесува 2.500 куни (околу 330 евра) по дете, а ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2022 година, јавува загребската агенција ХИНА, пренесува Index.hr.

Ќе се плаќа на две еднакви рати во текот на една година од датумот на првата исплата.

Ова е голема промена бидејќи досега за првото дете во градот Загреб оваа парична помош изнесуваше 1.800 куни (околу 240 евра) за една година, за второто дете 3.600 куни (околу 480 евра) за две години, а за третото и секое наредно дете 54.000 куни (околу 7.200 евра) за шест календарски години.

На овој начин, градот Загреб сака да го поддржи секое живородено дете на ист начин.