СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Момче (13) скокна од големиот мост Ѓурѓевица Тара (мостот на Тара) денеска попладне.

Момчето пред очите на педесетина туристи ја прескокнало оградата и скокнало од најголемиот лак на мостот, висок околу 180 метри.

Според информациите што ги пренесува порталот Пљевља, еден час пред трагедијата, мајката на момчето го пријавила неговото исчезнување во Безбедносниот центар во Пљевља, град кој се наожа во северниот дел од Црна Гора.

Телото на момчето, кое живеело во село кај Пљевља, наскоро било пронајдено во близина на мостот.

Од клиничката болница во Пљевља потврдуваат дека станува збор за самоу биство, бидејќи има бројни сведоци за трагичниот настан. По извршената истрага, надлежниот државен обвинител ќе одлучи дали телото на момчето ќе биде испратено на обдукција во Клиничкиот центар во Црна Гора.

Ова е втор пат, во последните дваесет дена, млади луѓе од Пљевља трагично да го завршат својот живот скокајќи од мостот на Тара.

Дваесетгодишната Г.М. скокна од речиси истото место на 27 јули околу 20 часот. Ден потоа, нејзиното тело е пронајдено на брегот на реката Тара, во близина на Манастирот Свети Архангел Михаил.