На фејсбук страната “Кочанска котлина” е објавено видео од пожар што гори во близина на градот.
Граѓаните се мобилизираат и одат да им помогнат на противпожарните служби. Чадот се чувствува низ целиот град.
Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.
Пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се разгорил поради ветерот што го разнесува на сите страни.
Како што изјави директорот на РЦУК, Стојанче Ангелов, во моментов во земјава се активни 13 пожари.