19 годишна девојка загинала, а уште две лица се повредени во страшна сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во близината на Загреб, Хрватска.
Како што јавуваат локалните медиуми, жената била на совозачкото седиште во автомобилот БМВ кој во се уште неутврдени околности преминал во спротивната насока и удрил камион кој доаѓал од другиот правец.
Фотографиите од местото на настанот сведочат за тоа колку бил силен ударот имајќи предвид дека автомобилот ја нема целата своја предница, а на камионот му отпаднала кабината.
– Утрово околу 4.35 часот, 20-годишник возел автомобил БМВ 3 со загрепски регистарски таблички и се движел источно по улицата Бјеловарска во Лукариче. Тој не го задржал возилото во движење среде обележаната сообраќајна лента и преминал на левата страна од патот, односно на коловозната лента наменета за сообраќај на возила од спротивен правец, велат од Хрватската полиција.
Потоа БМВ-то наишло на камион Мерцедес Атего со вараждински регистарски ознаки, управуван од 22-годишен маж кој се движел на запад по улицата Бјеловарска.
📷
📷
📷
📷