Во неделата во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула во Хрватска вечерта загинаа Иван Дидовиќ (19), Томислав Томашиќ (21) и Анте Салечиќ (24). Прогласена е седумдневна жалост во општина Смоквица, од каде биле сите три починати момчиња. Тие беа примерни момчиња, членови на културно друштво, а двајца беа доброволци пожарникари, пишува хрватскиот портал 24 сата.
Сообраќајната незгода се случила кога 19-годишникот, управувајќи со сопствено возило со дубровничка регистерска табличка, движејќи се од Блато во правец на Вела Лука, изгубил контрола над возило поради брзина неприлагодена на условите и состојбата на патот (слеп свиок, влажен коловоз, намалена видливост) слетало од коловозот и удрило во дрво.
На празникот Свети Тројца Кралеви, 6 јануари, ќе се случи последното збогување на тројцата млади луѓе кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа на патот меѓу Блато и Вела Лука. Како што е најавено, заеднички погреб ќе се одржи на локалните гробишта Св. Кипријан во Смоквица со почеток во 14 часот.
Од општина Смоквица, од каде што се сите тројца млади, апелираат да ги следат упатствата на дежурните служби и редари погребот да биде достоинствен.
– Ги замолуваме сите мештани кои можат да дојдат на гробиштата без лични возила и да се почитуваат сите досегашни епидемиолошки мерки, велат на Фејсбук страницата на општина Смоквица.
Да потсетиме, Иван Дидовиќ (19), Томислав Томашиќ (21) и Анте Салечиќ (24) починаа во неделата вечерта, околу 00.45 часот. Автомобилот го управувал најмладиот меѓу нив, а откако изгубиле контрола над возилото удриле во бор покрај патот.
Од силината на ударот автомобилот се преполовил и сите починале на местото на настанот. Во општина Смоквица е прогласена седумдневна жалост. Младите беа добри, примерни момчиња, сите тројца беа членови на Здружението на витези на Кумпанџија, а двајцата постари беа пожарникари во ДВД-то на Смоквица.
На погребот се очекуваат многу луѓе од целиот остров, а своето пристигнување го најавија и пожарникари од цела Хрватска.