Човек кој потсетува на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, наводно, утринава околу 9 часот бил виден во пекара во урбаната белградска населба Доржол, јавува српски „Телеграф“.

Според изворот на „Телеграф“, мажот кој многу потсетува на Периш бил облечен во црна јакна, панталони и црни патики, а се движел надолу по улицата „Крал Петар“. Човекот има исклучително светла коса, а лицето што го видело било уверило дека е исчезнатиот сплиќанец, пишува „Телеграф“.

Денеска е петти ден од продолжувањето на потрагата по исчезнатиот сплиќанец во Белград.

Да потсетиме, денеска во потрагата се вклучија и припадници на нуркачката единица на Жандармеријата, кои на неколку локации нуркаа во Сава и го бараа телото.

Според неофицијални информации, утрово нуркачите најпрво нуркале во делот на реката пред клубот „Готик“, каде последен пат бил виден несреќниот млад човек.