Мајка и син ги загубија животите во страшна несреќа што се случи вчерва во општината Илијаш во Босна и Херцеговина.

Како што дознава „Дневни аваз“, се работи за женско лице со иницијали С.С. родено 1949 година и мажот Ј.С. роден 1966 година. Двајцата биле извлечени од уништениот автомобил Ауди.

Несреќата се случила помеѓу минибус и патничко возило Ауди во кое биле мажот и жената кои загинале.

– Констатирана е смрт на женско лице на местото на несреќата, додека друго, машко лице, починало на пат кон болница. За се беше известен и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, кој излезе на местото на настанот и ја водеше истрагата – наведува Министерството за внатрешни работи.

Исто така, како што дознава „Дневни аваз“, во несреќата се повредени две деца, родени во 2013 и 2014 година, кои биле во минибусот.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷