Еден од најсмртоносните снајперисти во светот ќе им се придружи на борбите во Украина, откако одговори на повикот од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Канадскиот стрелец, познат по прекарот Вали (Wali) , доаѓа од елитниот 22 кралски канадски полк и има претходно борбено искуство во Кандахар во текот на војната во Авганистан, меѓу 2008 и 2011 година, пренесе Daily Mail.
По тоа, 40-годишниот снајперист самоиницијативно отпатува во Ирак во 2015 година за да помогне во борбата против Исламска држава. Имено, во јуни 2017 година, елитниот снајперист застрелал терорист на Исламска држава од неверојатна далечина од 3.450 метри – што е повеќе од две милји, пишува NBC News.
⚡️The most famous sniper "Wali" has arrived in #Ukraine to fight against occupiers
The average productivity of sniper is 7 men a day. On the front type like Ukrainian, productivity can reach up to 10. "Vali" can provide up to 40 deaths per day. pic.twitter.com/XDOibKxiQq
— NEXTA (@nexta_tv) March 10, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати барање и апелираше до припадниците на вооружените сили на меѓународната заедница да одат во источна Европа и да се придружат на воените напори.
Вали, кој дома остави сопруга и едногодишен син, е повикан да се придружи на украинските доброволци. Минатата недела работел како компјутерски програмер во Канада, а сега се подготвува да се бори против руските војници на локации во Украина, оддалечена скоро 8.000 км.
„Работев како програмер пред само една недела. Сега изнесувам противтенковски проектили од складиште за да убивам луѓе. Моментално, тоа е мојата реалност“, изјави Вали за CBC News.
Canadian sniper and others “soldiers” head to Ukraine and support resistance. pic.twitter.com/v97jqiwH90
— Kyle Bryan (@KyleBryan) March 5, 2022
„Повеќе од 20.000 луѓе од 52 земји веќе доброволно се пријавија да се борат против руските окупатори во Украина, каде ќе служат во новоформираната меѓународна легија“, изјави минатата недела министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Вали е пречекан со прегратки од локалните жители откако на 4 март пристигна во Украина, заедно со тројца поранешни канадски војници.
„Сакам да помогнам, едноставно е. Кога ќе видам руинирана зграда, го гледам човекот кој живее во неа, гледам како неговиот пензионерски фонд се претвора во чад. Мора да помогнам, бидејќи овде има луѓе кои се бомбардирани само затоа што сакаат да бидат Европејци, а не Руси. Одите во Украина од хуманитарни причини“, изјави претходно Вали.
One of the world’s best snipers has arrived in Ukraine.
The French-Canadian “Wali” from the Royal Canadian 22e Régiment made his reputation during tours in Afghanistan, Syria and Iraq
He fought in the same Canadian unit as the sniper with the world’s longest kill (3.5 km)
🇨🇦🇺🇦 pic.twitter.com/iWOZiyUXpC
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 8, 2022
Групата ветерани планира да формира резервна единица од околу 10.000 обучени офицери и повеќе од 120.000 волонтери за одбивање на руските сили.