Заменик-градоначалникот на опколеното јужно пристаниште Мариупол вели дека не знае колку луѓе се убиени вкупно во градот, но најновата бројка е 1.207. Тоа се само тела што ги собравме на улица, изјави Сергеј Орлов за Би-Би-Си.

Тој рече дека 47 луѓе биле закопани во масовна гробница бидејќи не е можно да се стигне до гробиштата надвор од градот. „Не сите беа идентификувани“, додаде тој.

Орлов рече дека не е можно да се евакуираат луѓето од градот или да се донесе помош. Околу 100 луѓе кои се обидуваа да побегнат со приватни автомобили мораа да се вратат назад во средата, рече тој, откако руските сили на контролниот пункт почнаа да пукаат „не директно во автомобилите, туку околу автомобилите“.