Уште една страшна несреќа на автопатот А3. Возач од Босна и Херцеговина рано утрово околу 6,40 часот заврши во одводниот канал на автопатот Брегана-Загреб-Липовац, во близина на клучката Липовjани, потврди хрватската полиција.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, несреќата се случила на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац на 114-тиот километар во правец на Брегана во петокот наутро.

Поради делови од автомобили на патот, извесно време оваа делница се возеше со ограничување од 80 км/ч

Во моментот на несреќата, возачот возел на северната страна од автопатот.

На терен излегоа и пожарникари од ЈВП Новска, кои им порачаа на возачите да не возат уморни.

На овој автопат до сега се имаат случено многу несреќи, меѓу кои и онаа на нашиот Тоше Проески, кој загина во 2007-та година.

26-годишниот Тоше Проески загина утроро на 16-ти октомври 2007-ма година во 6 часот и 30 минути на автопатот А3, 170 километри источно од Загреб кај Нова Градишка.

Како што објавија тогаш хрватските медиуми, Тоше, неговата менаџерка Лилјана и Ѓорѓе Ѓорѓески-возач, биле во „Фолксваген Туарег“ со македонски регистарски таблички. Возачот Ѓорѓески заспал додека возел и така, наводно, удрил во камион кој се движел пред нив.

-Тоше бил совозач и наводно спиел, на место загинал. Менаџерката Лилјана и возачот се во тешка состојба и се наоѓаат во болницата во Нова Градишка, изјави тогаш Антонија Мандиќ, репортер на РТЛ Хрватска.