Пред точно 35 години се случи нуклеарната хаварија во Чернобил, денешна Украина. Иако тогашните советски власти не можеа да ја сокријат катастрофата, до денес околу неа се нижат бројни митови.

Дали Чернобил е најголемата атомска катастрофа на сите времиња?

Меѓународната скала на хаварии и несреќи во нуклеарни построки брои седум степени. Во седмата категорија се „катастрофални хаварии” (на англиски: major accident) што значи одлободување тешка радијација со штетни последици по луѓето и природната околина. Досега така биле категоризирани само инцидентите во Чернобил (1986) и Фукушима (2011). Во рамки на седмиот степен нема дополнително степенување. Ако под „атомска катастрофа” не подразбираме само хаварии во нуклеарни постројки, туку сите радиоактивни емисии кои ги предизвикува човекот, тогаш во историјата имало и далеку пострашни случувања, вели професорката Кејт Браун од прочуениот Институт за технологија на Масачусетс.

„Американските и советските фабрики кои произведуваа плутониум за атомски бомби секој работен ден емитуваа радиоактивни супстанци во околината, а тоа не беше по грешка”, наведува Браун.

Ако се земе како пример радиоактивниот јод, еден од изотопите кој се ослободува и предизвикува канцер на штитната жлезда, хаваријата во Чернобил ослободила околу 45 милиони единици од таквиот јод. Професорката Браун прави споредба со надземните тестирања на нуклеарно оружје. „Русите и Американците во само две години тестирања во 1961 во 1962 не ослободија 45 милиони, туку 20 милијарди единици радиоактивен јод.”

Дали во забранетата зона има мутанти?

Локални водичи велат дека посетителите често ги прашуваат дали во Чернобил има мутанти. Волци со две глави или глувци со пет нозе? Научникот Денис Вишњевски такво нешто никогаш не видел, иако веќе 20 години го набљудува развојот на биосферата во зоната забранета за луѓе.

Влијанието од јонизираното зрачење со голема веројатност може да предизвика промени во структурата на организмот, но главно на налин што ќе ја ограничи способноста на организмот да пре/живее. Вишњевски нагласува дека животните родени со инвалидитет и онака не можат долго да преживеат во природата.

Неодамна имаше сторија за волците од Чернобил, кои започнале да го напуштаат подрачјето околу Чернобил од 2016-та година кога според последните евиденции имало околу 300.

Новата студија која што е објавена во Европскиот магазин за истражување на диви животни покажала дека на околу 30 километри од Чернобил дивината останала сочувана, затоа што немало човечки фактор за да влијае над животните.

Како што е познато, во раните утрински часови на 26-ти април 1986-та година дошло до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашниот Советски Сојуз – експлозијата на нуклеарниот реактор исфрлила смртоносна количина на „атомски материјал“ во атмосферата со што уби илјадници жители.

Набрзо целиот регион стана непогоден за живот и околното население било евакуирано, но животинскиот свет продолжил нормално да живее. Волците од тогаш започнале дури и повеќе да се размножуваат, а научниците веќе со децении го следат нивното однесување поради изложеноста на радијацијата.

„Сега за прв пат успеавме и да лоцираме и да следиме млад волк кој што излезе од оваа зона“, изјави екологот и лидерот на истражувачката екипа – Мајкл Бајрн кој што откри дека популацијата на волци се зголемила за седум пати.

За само три седмици, радиоактивниот волк кој што го следеле научниците поминал дури 300 километри. Иако Бајрн вели дека можно е волците веќе и да не се радиоактивни, тие сепак најверојатно се носители на мутирани гени.

Дали природата веќе ја преболела катастрофата?

Фотографии и репортажи проследено со нарацијата дека „во забранетата зона во Чернобил повторно цвета живот” создава впечаток дека природата околу реакторот зацелила. „Тоа не е точно”, вели Кејт Браун, која четврт век истражува за Чернобил.

Во црвената зона околу поранешната нуклеарка има помалку врсти инсекти, птици и цицачи. Повремените вести дека во таа зона се видени врсти кои на други места се загрозени не се доказ за „здрава” животна средина.

Напротив, долгорочни студии во кои се набљудуваат животните во силно контаминирани подрачја укажуваат на значителен пораст на морталитетот, појавата на тумори, пократок животен век, побрзо стареење, промени во крвта, израстоци и други фактори кои го загрозуваат здравјето на животните. Разноликоста на животот околу Чернобил научниците ја објаснуваат со миграција на врстите. „Забранетата зона на Чернобил се протега на 2600 квадратни километри. Понатаму на север има уште 2000 квадратни километри забранета зона во Белорусија. На исток и запад исто така има области кои се многу ретко населени. Затоа во тој дел на источна Европа има огромен простор за одржување на шумската фауна”, вели Денис Вишњевски.

Без страв од луѓето таму има мечки, волци, рисови и други грабливци на кои им требаат големи површини за да најдат доволно храна. Забранетата зона е загадена од радијација и по 35 години од катастрофата. Третина од таа област е контаминирана со трансураниумски елементи чие време на полураспад изнесува 24 илјади години.

Дали во Чернобил воопшто нема луѓе?

Официјално ненаселени се и градот Припјат, кој некогаш бил изграден за работниците во нуклеарната централа, како и соседниот Чернобил.

Додуша тие места никогаш не биле сосем празни. Од 1986 таму заминувале илјадници работници кои во две смени работеле на критичната инфраструктура. Имено, по хаваријата во блокот 4, реакторите во блоковите 1, 2 и 3 продолжиле да рабитата до 1990, односно 1996 и 2000 година. Посебни патроли на министерството за внатрешни работи водат сметка за пристапот до забранетата зона. Во градот Чернобил има и продавници и два хотела наменети за луѓето кои службено мора да патуваат таму. Има и жители кои не влегуваат во официјалната статистика, а се работи за доброволни повратници. Тие во годините по катастрофата на своја рака се вратиле во селата кои беа испразнети по евакуацијата на 115 илјади лица. Не е познат точниот број на таквите повратници.

На прашањето на ДВ колку луѓе живеат во околината на Чернобил, портпарол на украинската агенција за управување со забранетата зона вели: “Никој.” Според проценките од 2016 година таму имало околу 180 повратници. Во прашање се во најголем дел стари лица и сега се се помалку на број. Властите ги толерираат, дури им даваат и премолчена поддршка. Поштарите еднаш месечно им носат пензија, а една мобилна продавница на секои два-три месеци им носи намирници.