Индонезиската актерка Ванеса Ангел и нејзиниот сопруг загинаа во несреќа на патот меѓу Џакарта и Сурбаја во Нгањук, јавуваат светските медиуми.
Оваа вест ја шокираше тамошната јавност, фановите и нејзините колеги. Таа имаше само 27 години.
Ванеса ја започна својата кариера во 2008 година како актерка, уметник, пејачка, водителка и модел.
Во последните години од животот таа го започнала својот бизнис „Vanessa Angel Organic Sugar“ со лансирање на козметика и пијалоци за слабеење.