Босна и Херцеговина и регионот ја растажи веста дека почина малиот Ален Бурек (7). Оваа информација на својата Фејсбук страница ја потврди и здружението „Срце за деца болни од рак“.

– Детенце со најсреќен дух, ти си во нашите срца засекогаш, напиша Здружението „Срце за деца болни од рак“.

Безгрижното детство на Ален беше прекинато од злобна болест. Ален имал само три години кога се појавиле првите симптоми на акутна леукемија.

Смртта на момчето ги остави во голема тага неговиот татко Амир, мајката Амила и сестрата Сара.