Таткото на српскиот пејач Ацо Пејовиќ починал денеска по кратко боледување, јавуваат вечерва српските медиуми.Како што се наведува, п огребот ќе се изврши во четврток, а времето и местото дополнително ќе бидат објавени.
Пејовиќ, неодамна откри дека здравствената состојба на татко му е причината поради која не можел да дојде на свадбата на синот на неговиот колега АцА Лукас.
– Не можев да стигнам на свадбата на синот на Лукас, бев кај татко ми кој е нешто болен, тоа се сепак работи кои се поважни – изјави тогаш Ацо Пејовиќ во емисијата „Премиер“.
Инаку, Ацо Пејовиќ и неговото семејство доживеале голема тага кога брат му починал како бебе… Пејовиќ еднаш го опишал шокот што го доживеало неговото семејство кога бременоста на мајка му со близнаци станала комплицирана.
– Еден од моите браќа почина, а Радојица се роди со само 1.400 грама. Беше шок за сите, но и за мене кој бев дете. Поминаа многу години, но една слика ми остана врежана во сеќавањето – како татко ми плачејќи излегува од болница. Бев дете и тоа многу ме погоди, да го гледам мојот татко расплакан. Никогаш нема да ги заборавам солзите на татко ми. Тогаш се прашувам како луѓето кои решаваат да абортираат не ја чувствуваат истата болка, како не се прашуваат како би изгледало нивното дете, дали некогаш плачат поради таа одлука, изјавил пејачот.