На митингот „Нема да ја дадеме Србија“ организиран од Александар Вучиќ и владејачката партија во Белград, еден од говорниците беше Ѓуро Раца, родител на една од жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад.
Овој факт сам по себе не би бил оспорен, доколку Раца во својот говор не изнесе низа тврдења кои освен што се длабоко контроверзни, предизвикуваат голема мачнина и негодување.
Имено, Раца прес говорот беше најавен како татко на Горанка Раца, која загина во Нови Сад, а на почетокот на говорот рече дека несреќата е предизвикана од терористички чин.
„Нашите мисли се со нашите најблиски кои не се меѓу нас, но сакаме правда. Се обратив до обвинителот на Високиот суд во Нови Сад, објаснувајќи дека падот на настрешницата е предизвикан од терористички акт на надворешен и домашен фактор. Ова му го објаснив на професионален начин и му го испратив на 1 декември. Истото го испратив и на 23 февруари до вишиот обвинител во Белград. Ниту тој не се огласј. Сè уште тврдам и професионално објаснив како падна настрешницата“, рече Раца.
Тој, исто така, му кажа колку му е мило што обвинението е вратено на ревизија.
Драго ми е што вчера ја слушнав веста дека обвинението е вратено на ревизија, за да ми помогне обвинителот да ги земе предвид овие факти и да им дозволи на истражните органи да тргнат во насока на пронаоѓање на терористите кои свесно и го планирале тоа“, рече Раца.
На крајот Раца рече дека не случајно настрешницата паднала на 1 ноември.
„Не случајно беше избран 1-ви ноември за датум за уривање на настрешницата. Тоа е ден што католиците и западниот свет го слават како Ден на мртвите. Се знаеше дека железничката линија Нови Сад – Суботица требаше да биде отворена за сообраќај во тие денови. Намерата беше да се предизвика хаос и да се создаде ваква ситуација. Не ја даваме Србија, заклучи Раца.