Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек, потврди за Индекс дека неговиот син е на снимката на која се гледа како младиот човек трча по белградските улици и запира такси кое не го прифаќа, а потоа ги демантираше информациите дека неговиот син се наоѓа на последното видео на кое се гледа како млад човек плива во реката Сава, за кој се тврдеше дека воедно е неговиот син.
– Не знам што објави Слободна Далмација, но Матеј не е на сите снимки што се појавуваат. Заедно со снимките на кои се наоѓа, се поврзуваат и некои кои немаат врска со Матеј и не знам зошто се прави тоа, рече тој и додаде:
– За видеото како некој плива во Сава, никогаш не реков дека Матеј е на тоа видео. Воопшто не верувам дека снимката од таа вечер. Ме интересираше која била температурата на водата таа вечер и добив информација дека била пет степени. Јас сум ватерполист, цел живот сум во вода и нема шанси да се плива на температура од пет степени во нуркачко одело, а камоли без него, изјави за Индекс.