Страшни вести пристигнуваат од Италија откако мечот меѓу Аталанта и Фиорентина беше одложен поради сериозните здравствени проблеми на директорот на гостинскиот тим, Џо Бароне.

Бароне бил со остатокот од екипата во хотел во Бергамо каде се пожалил на силни болки во пределот на градите, по што веднаш бил однесен во најблиската клиника. Состојбата на првиот оперативец на Фиорентина е крајно сериозна и информациите велат дека лекарите се уште се борат за неговиот живот, поради што „виолетовите“ барале одлагање на дуелот со Аталанта, што било експресно прифатено.

Тренерот Винченцо Италијано и неколку фудбалери на тимот наместо на стадион заминале во клиниката каде Бароне се наоѓа во одделението за интензивна нега.