Урош Блажиќ (21) е уапсен утринава по опсежна полициска акција под сомнение дека убил 8 и ранил 14 лица во градовите Дубона и Мало Орашје. На неговиот татко, неофицијално, му се слошило откако дознал за масакрот што го извршил неговиот син.
Тој само им повторувал на полицајците „Тој не е мој син“. Тој е под постојан полициски надзор.
Претходно, мештанин од местото на трагедијата изјави дека дека У.Б. е син на офицер на српската армија кој работи во Генералштабот во Белград.
– Не беше проблематичен, беше добро дете, вели тој и додава дека наоколу се шушка дека убиецот убил и свои роднини.
– Во три села направи крвав пир, покрај Дубона беше и во Шепшин и Мали Орашје. Во Мали Орашје пукал во група од околу 20 деца. Застанал, излегол од автомобилот и пукал во нив, вели соговорникот за Курир.
Таткото и братот на У.Б., како што пишува Курир, не ни знаеле што се случува, а кога таткото дознал, шокиран паднал на земја. Во масакрот беа убиени полицаецот Милан Паниќ и неговата сестра, јавуваат српските медиуми.
„Тие седеа таму и разговараа, тој им пријде и ги застрела од никаде. Ми ги уби внукот и внуката“, изјавиле за Блиц дедото на полицаецот и неговата сестра. „Ни рекоа дека биле пукани, кога отидовме таму беа мртви, покриени. Се собраа луѓето, почнаа да плачат…“, рече тој.
Еден пријател кој бил со нив, бил ранет, починал во болница. Уште едно девојче е рането, но таа е жива“, вели дедото. „Велат дека ги застрелал внук ми и внуката во тилот, дека не го ни виделе“, рече тој.