Телохранителот на Мо Салах, Амар Абас Хашем, откри дека египетскиот фудбалер на момент го загубил видот за време на натпреварот во финалето од баражот за пласман на СП.

Фудбалерите на Сенегал победија против Египет по подоброто изведување на пенали, но мечот го одбележаа несакани сцени со негостопримство на домашните навивачи.

За време на натпреварот, Мо Салах беше жртва на домашните фанови, тие со ласери постојано го дефокусираа фудбалерот во лицето.

Салах на крајот промаши еден од пеналите, а неговиот телохранител открива дека Салах за момент го загубил видот.

„Во тие кобни моменти, Салах за момент го загуби видот во финалето“, открил Амир Абас Хашем.