Апелацискиот суд ги зголеми казните за група од Велес осудена за сериозни кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба на малолетничка, извршувани во повеќе наврати во период од околу една година.

Како што дознава телевизијата Телма, дел од осудените претходно биле поврзувани со активности на ширење онлајн содржини за време на изборите во САД во 2016 година.

Во анализата на случајот се отвора прашањето за последиците врз жртвата, но и дали овој настан претставува поука за младите и општеството.

Најголем дел од осудените се токму таканаречените велешки деца на Трамп. Веднаш тврдеа дека нивното апсење е освета за тоа што работеле за Трамп и имале многу пари. Обвинија дека им е баран рекет и од полицијата и од судско обвинителски кругови за да не бидат обвинети и осудени, а исто така и да не лежат во притвор. Неколку пати најавуваа дека ќе проговорат јавно, но никогаш не го сторија тоа.

За обвинителството Тврдењата за „Трамп“, „Републиканци“ и слично се обид да се пренасочи вниманието од фактите.

Првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство. Од домашен притвор кој му го одреди Кривичниот суд на изрекувањето на пресудата тој избегал една недела пред да му се зголеми казната.

На 7 април МВР за него распиша само централна, не и меѓународна потерница. Во затвор е веќе Тино Илиевски кој бил затекнат надвор и покрај тоа што му беше одреден куќен притвор. За останатите нема информација дали се јавиле в затвор.