ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА – Вознемирувачки пораки и содржини се шират на социјалните мрежи за исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага веќе трет ден.

– Во коментар под објавата на нејзината мајка, лажен профил од Косово кој злоупотребил фотографија на имам од Алабанија, напишал дека девојчето е кај него. На Фејсбук кружат и низа други дезинформации за нејзиното исчезнување, проследени со вознемирувачки и недолични коментари, објави телевизија ТЕЛМА.

Телма апелира до граѓаните да се држат до информациите на официјалните институции во државата кои трагаат по Вања, и да не споделуваат непроверени вести кои дополнително ги вознемируваат семејствотот и јавноста.

Сите досегашни вести за наводно пронаоѓање на девојчето, експресно ги демантираше и МВР.

Извор: ТЕЛЕВИЗИЈА ТЕЛМА